Поврзаност
Mултимедија
Новиот целосно дигитален Pure Panel® располага со 10" инструмент табла и 10“ централен екран на допир што безжично го поврзува Вашиот паметен телефон преку Apple CarPlay™1 и Android Auto™1,2. Новиот и интуитивен кориснички интерфејс сличен на интерфејсот за паметни телефони може целосно да се приспособи преку индивидуални профили и системи за препознавање на возачот. Мултимедијалниот систем вклучува функции како AM / FM / DAB + радио, Bluetooth® за аудио стриминг3 и два USB-C приклучоци за уживање во музика каде и да одите. Чувството на целосна безбедност обезбедуваат услугите на OpelConnect, кои овозможуваат повици при итни ситуации и дефекти, како и автоматско безжично ажурирање. 

1 Apple CarPlay CarPlay™ е регистрирана трговска марка на Apple Inc., регистриран во САД и други земји, а Android Auto е регистрирана трговска марка на Google Inc.

2 Компатибилноста и одредени карактеристики може да се разликуваат во зависност од типот на уредот и верзијата на оперативниот систем. Проверете ја компатибилноста на Вашиот уред на www.apple.com или www.android.com или кај овластен дилер Opel.

3 Bluetooth® е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG inc.

Навигација

Најсовремениот систем за навигација на Opel Ви овозможува да ја прегледате онлајн ситуацијата во сообраќајот, податоците за паркирање, да пребарувате точки на интерес и да го ажурирате времето со информации за рутата прикажани на Intelli-HUD (Head up дисплеј)1, на инструмент таблата или централниот екран на допир според Ваша желба. Овој паметен систем може да ги следи Вашите гласовните команди откако ќе кажете „Еј Opel!“. Возете паметно благодарение на поврзаните услуги за навигација кои вклучуваат автоматско ажурирање на мапите и максимално забавувајте се на  За максимална удобност, испратете ја посакуваната дестинација до Вашиот автомобил преку Вашиот паметен телефон и апликацијата myOpel или погледнете ги насоките за конечната рута од местото каде сте паркирани.

 

 
1 Опција.
Безжично полнење

Патувајте без кабли и полнете компатибилни уреди користејќи го интегрираниот безжичен полнач1. Интегрираниот систем за брзо детектирање на движење спречува оштетување на батеријата на уредот од преполнување кога се движите на нерамни површини.

 

1 Достапноста зависи од понудата. Само за уреди кои имаат овозможено PMA или QI. Проверете ја компатибилноста на Вашиот уред кај Вашиот дилер на Opel.

 
OpelConnect услуги1

Паметни технолошки системи и поврзани услуги1 кои нудат поврзување и современи иновации за Ваша безбедност и за возбудливо и ефикасно патување.

 

  • Спокојство: повик при итна ситуација и дефект2, информациите за статусот на возилото Ви ја даваат километража, ниво на гориво или предупредувања за одржување на добро чувство во секое време.
  • Погодност: е-контрола од далечина3 за проверка на нивото на наполнетост на батеријата, управување со полнењето и контрола на клима уредот преку myOpel.
 

1 Достапноста и опсегот на услугата се разликува од земја до земја и од возило до возило. За услугите може да е потребна регистрација/плаќање и се предмет на покриеноста и достапноста на мобилната мрежа.

2 Употребата на повици во итни ситуации и дефект бара потпишување на услови за користење со писмена согласност за да се одреди локацијата на возилото при нарачка на возилото и е предмет на мрежна покриеност и достапност. Услугата во случај на дефект (Opel Mobilservice) е бесплатна првата година по првата регистрација, а потоа може да се користи со плаќање. Информациите за услугата Opel Connect се достапни на https://opel.mk/. Се применуваат индивидуални општи правила и услови.

3 Само за Astra Plug-In Hybrid