Новиот Combo е достапен со пет или седум седишта1 што овозможува одлична флексибилност. Ви треба повеќе место во багажникот? Двете лизгачки седишта1 во третиот ред можат лесно да се отстранат.
1 Oпција кај Combo XL
Поделба на задните седишта
Пространоста кај новиот Combо се зголемува според Вашите потреби. Изберете помеѓу практичната поделба на задната клупа од 40/60 или 3 индивидуални задни седишта1, секое со стандардни прицврстувачи за детско седиште Isofix, за да можете да ги превезувате Вашите деца од место А до место Б целосно безбедно и удобно.
Треба да товарите екстра долг товар, како мебел? Едноставно преклопете ги задните седишта до подот и спуштете го предното совозачко седиште за да товарите предмети долги до 2,7 m (или до 3,05 m кај Combo XL).
1 Oпција за избрани нивоа на опременост.
Простор за складирање
Идеален и за секодјневна работа и за семејните излети: со бројните паметни прегради за складирање, новиот Combo има простор за целата Ваша опрема, без разлика дали возите или седите на едно од задните седишта.
Врати и отвори
Излезете удобно, дури и на најпрометниот паркинг: единечните или двојните лизгачки врати1 го олеснуваат влегувањето и излегувањето од новиот Combo. Задниот дел може да се приспособи или со функционална задна врата2 или со задна врата со прозорец кој се отвара2 за брз и лесен пристап до багажникот.
1 Двојни лизгачки врати достапни се како стандард освен кај Combo (со управувач на лева страна).
2 Прозорецот од вратата од багажникот што се отвора е опција кај Combo.
Верзии
Новиот Combo е достапен со две должини – 4,41 m за стандардната верзија, а 4,76 m за Combo XL додавајќи уште поголем внатрешен простор, заедно со багажникот.
Со додавање 35 cm во должина, багажникот кај Combo XL со долго меѓуоскино ратојание се проширува за 253 литри до вкупни 8501 литри на стандарден товарен простор за да може да складирате сè.
1 Измерен простор во багажникот кај Combo XL со 5 седишта и со поставени сите седишта.