Безбедност и поддршка за возачот
Автоматско сопирање при итни случаи
Секое патување да биде безбедно патување: автоматското сопирање при итни случаи1 со детекција на пешаци предупредува за потенцијален судир со пешак или друго возило. Ако не се преземе никакво дејство, возилото автоматски ќе сопира. 
1Работи автоматски над 5 km/h и под 85 km/час. Од 0 до 30 km/h, метриката на успорувањето за намалување на ударната брзина на судирот е 0,9 g. Од 30 до 85 km/h системот ја намалува брзината до максимум 22 km/h. По овој праг, возачот треба да сопира сам да ја намали брзината уште повеќе. Оперативната брзина на AEBPD зависи од откриената пречка (мобилна пречка: од 5 до 85 km/h, фиксна пречка: од 5 до 80 km/h, пешак: од 5 до 60 km/h). Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на системските ограничувања. Возачот останува одговорен при возење.
Drive Assist Pack1 

Напредна безбедност за Вас и Вашите сакани: Drive Assist Pack на Opel вклучува Highway Integrated Assist, која се одликува со адаптивен темпомат со stop and go функција, како и помош за позиционирање на лента и проширено препознавање на сообраќајни знаци.

 

1 Oпција.

 
Предупредување за страничен слеп агол

TПредупредувањето за странични слепи точки1 кај новиот Combo автоматски ги следи и предупредува за приближување на возила кои приоѓаат во паралелната лента и во слепите точки, што Ви овозможува поголема сигурност при менување на лента и да уживате со една грижа помалку. 

 

1 Oпција

 
Flank Guard (странична заштита)

Системот за странична заштита1 користи 12 сензори за предупредување за препреки кои можеби не се видливи при влегување во кривина со мала брзина преку визуелни и звучни предупредувања на екранот за инфозабава.

 

1 Oпција.

 
IntelliGrip

Без разлика на временските услови или условите на патот: со контролата на тракцијата IntelliGrip1, Вие и Вашето семејство секогаш ќе пристигнувате безбедно. Паметниот систем се прилагодува на условите со ниска контрола, како што се возење по кал, песок или снег и е достапен со пет одделни режими на возење.

 

1 Oпција.

 
Камера за возење наназад

Широкоаголната панорамска камера1 од 180° кај новиот Combo ја прикажува околината околу автомобилот на 10" екран на допир. Виртуелните упатства на екранот помагаат да се олесни возењето наназад за да се избегнат непотребни гребнатини и удари.  

 

1 Oпција кај Combo (стандардната верзија), стандардно кај Combo XL