Електрично возење
Совршено интегрирана батерија
Во срцето на новата Opel Corsa Electric е нашата најнова генерација на литиум-јонска батерија. Нејзината беспрекорна интеграција во шасијата, обезбедува низок центар на гравитација за оптимална динамика при возењеto, без да се загрози просторноста во внатрешноста на кабината. 
Забавно електрично возење
Практично без бука, без менување на степени на пренос и 260 Nm вртежен момент, секој режим на новата Opel Corsa Electric е забавен за возење! Потребни се само 8,3 секунди за забрзување од нула до 100 km/h и може да достигне максимална брзина до 150 km/h. Новата Corsa Electric е идеална за возење низ централните подрачја и на автопат! 
Стандардно DC брзо полнење

Новата Opel Corsa Electric уште полесно се полни! Со подобрената батерија, сега можете да возите до 406 km1 откако целосно ќе се наполни батеријата. Со можноста за стандардно брзо полнење, можете да ја дополните од 10-80% за само 30 минути!

 

1 Опсег: 398 до 406 km (во зависност од нивото на опременост) со целосно полна батерија

 
Режими на возење
Режимите на возење кај новата Opel Corsa Electric овозможуваат лесно да го приспособите Вашето возачко искуство! Режимот Sport ја максимизира динамиката на возење, Есо режимот ја оптимизира ефикасноста, а Normal ги балансира и двете. 
Регенеративно кочење
Регенеративниот систем кај новата Opel Corsa Electric ја претвора енергијата добиена од кочењето/забавувањето во електрична енергија, враќајќи ја во батеријата и максимизирајќи го опсегот. Штом ќе ја тргнете ногата од педалата за гас, батеријата почнува да се полни, обезбедувајќи минимална загуба на енергија и максимална ефикасност. 
Следење на податоците за возилото
Вградениот систем за следење на податоците кај новата Opel Corsa Electric обезбедува детални информации за статусот на Вашето возило. Од потрошувачката на енергија и полнењето на батеријата, па се до нивоата на полнење на батеријата. Сето визуелизирано на лесно разбирлив и минималистички начин, за да може максимално да уживате во патот пред Вас!