Е-волуција на “салонот на тркала“.
Штом влезете внатре, патниците веднаш се импресионирани од пространата кабина на новата Zafira-e Life, професионално опремена внатрешност со комфор од бизнис класа. Седиштата може да се конфигурираат за највеќе девет лица плус багажот или можат да се свртат едно седиште спроти друго за подобро дружење на пат.
Внатрешноста е опремена со премиум систем за инфо-забава и поврзаност со новиот 7" екран на допир на новата Zafira-e Life и Мултимедија Navi1 со услуги за навигација во живо2. Возачот и патниците можат лесно да пристапат до целата своја музика и содржина преку паметен телефон со Android Auto™1,3 или Apple CarPlay™1,3.
1 Опција.
2 Услуги за навигација во живо вклучуваат онлајн информации за сообраќајот, цените на горивата, информации за паркирање, пребарување онлај на точки од интерес, временската прогноза и безбедноста на патиштата (не е достапно во Германија или Швајцарија).
3 Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од видот на уредот и верзијата на оперативниот систем. Apple CarPlay ™ е трговска марка на Apple Inc., регистриран во САД и други земји. Android Auto е трговска марка на Google Inc.