Безбедност и иновации
Безбедност и воздушни перничиња

Со предните воздушни перничиња за возачот и совозачот и страничните или воздушните завеси за патниците во сите три реда1, Zafira-е Life ја сфаќа Вашата безбедност исто толку сериозно, како и Вие.

 

1 Страничните воздушни завеси за вториот и третиот ред се достапни како опција.

 
Xenon предни светла

Xenon предните светла1 во комбинација со LED дневните светла1 додаваат мала острина во дизајнот и ја подобруваат видливоста без оглед на условите за осветлување.  

 

1 Опција.

 
ISOFIX

Сите седишта во вториот и третиот ред на Zafire-е Life можат да бидат опремени со ISOFIX прицврстувачи1 за лесно и безбедно прицврстување до шест детски седишта.

 

1 Опција. Недостапно за одредени конфигурации на седиштата.

 
Камера за возење наназад

Повеќенаменските предни и задни камери1 кои ги користат системите за безбедност како што се системот за препознавање на знак за ограничување на брзина1, предупредување за замор на возачот1 и 180 ° приказ на задната зона при паркирање1.

 

1 Опција.

 
Head-Up Дисплеј

Уникатен во овој сегмент, Head-Up Дисплејот1 кај Zafire-е Life обезбедува преглед на клучните информации, како што се податоци за брзината и темпоматот, проектирани на ветробранското стакло во висина на погледот на возачот.

 

1 Опција.

 
Системи за безбедност
Автоматскиот темпомат1 ја намалува или враќа Вашата брзина за да го одржувате поставеното растојание од автомобилот напред кога има гужва во сообраќајот. 

Доколку е потребно, автоматското сопирање во итни случаи1 започнува сопирање независно од возачот за да избегне судир. Следењето на слепи точки1 со сензорот и визуелната проекција на страничниот ретровизор го предупредува возачот за возилата кои се во слепите точки кај Zafire-е Life за да се спречат несреќи при претекнување. Предупредување за фронтален судир1 го скенира патот пред Вас и Ве предупредува на можноста од судир со возила или пешаци.

 

1 Опција.

Помош при возење
Предупредувањето за ненамерно напуштање на лента1 препознава кога автомобилот ја преминува неговата лента и го предупредува возачот со звучен и визуелен сигнал. Тоа е само еден од многуте системи за помош на возачот кои го олеснуваат секојдневното возење.
 

Предупредувањето за замор на возач1 го анализира Вашиот стил на возење преку предната камера и управувачот и Ве известува кога е време за кратка пауза. Адаптацијата на ограничувањето на брзината1 користи систем за препознавање знаци за ограничување на брзината и ги анализира промените на ограничувањето. Доволен е само еден допир на копчето за меморија за да темпоматот ја прилагоди Вашата брзина според ограничувањето.

 

1 Опција.

Паметни предни светла

Zafira-е Life има интуитивен систем за паметни предни светла1 што автоматски ги менува предните светла од долги во кратки светла за да спречи заслепување на другите возачи.

 

1 Опција.