Влегувајќи во внатрешноста, сите веднаш се импресионирани од пространата кабина кај новата Zafira со удобност од бизнис класа. Седиштата може да се конфигурираат за најмногу девет лица плус багаж, или дури може да се свртат едно седиште спроти друго за подобро дружење на пат. Внатрешноста се одликува со врвен инфозабавен систем и поврзување преку 10“ екран на допир и систем за навигација1, вклучувајќи услуги за навигација во живо2. Возачите и патниците можат лесно да пристапат до целата своја музика и содржина преку нивните паметни телефони. Со безжичните Android Auto™1,3 или Apple CarPlay™1,3, можете да ја обезбедите најдобрата забава за секое патување.
1Опција.
2Услугите за навигација во живо вклучуваат информации за сообраќајот, цените на гориво, паркинг местата, онлајн пребарување на точки од интерес, временските услови и безбедноста на патиштата (не е достапно во Германија или Швајцарија).
3Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од типот на уредот и верзијата на оперативниот систем. Apple CarPlay™ е регистрирана трговска марка на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји. Android Auto™ е регистрирана трговска марка на Google Inc.