Предупредување за можен преден удар
За Ваша безбедност и на Вашите патници: предупредувањето за можен преден удар кај новата Zafira континуирано го скенира патот пред Вас, предупредувајќи Ве за потенцијални судири со возила или пешаци. Доколку е потребно, автоматското сопирање при итни случаи се активира за да се избегне несреќа, притискајќи ги сопирачките независно од возачот. Ова осигурува побезбедно, поконтролирано искуство во возењето.