Новиот Opel Vivaro Electric е достапен со батерија од 50 kWh за опсег до 230 km според WLTP или батерија од 75 kWh за опсег до 330 km1. Ова го прави идеален за професионална употреба по градските улици и автопат. Револуционерната технологија и архитектурата на погонската група на Opel со ниската, рамна батерија кај Vivarо Еlectric обезбедува низок центар на гравитација и максимален простор во кабината.
1 Потрошувачка на енергија (комбинирано) 23,3–29,5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km, опсег (комбинирано) 230 km до 330 km (во зависност од опремата).