GT X Style
Храбар и прогресивен став
Храбар, прогресивен и возбудлив - Opel GT X Experimental ја претставува визијата на Opel за иднината и гордо покажува колку се поврзуваме со културната еволуција на Германија.
Возбудлива иднина
Opel се гордее со своето германско наследство, но исто така сака да го претстави храбриот дух на модерната Германија: да биде целосно разновиден и инклузивен.
Ние сме посветени на создавање средини без дискриминација во однос на возраста, религијата, расата, попреченоста и сексуалната ориентација, како што е нагласено со нашата филозофија „Иднината ни припаѓа на сите“. Одејќи нанапред, Opel ќе им обезбеди на луѓето инзвонредни патувања во утрешниот свет.
Прочитај Повеќе Прикажи Помалку
Ние сме посветени на создавање средини без дискриминација во однос на возраста, религијата, расата, попреченоста и сексуалната ориентација, како што е нагласено со нашата филозофија „Иднината ни припаѓа на сите“. Одејќи нанапред, Opel ќе им обезбеди на луѓето инзвонредни патувања во утрешниот свет.
Прочитај Повеќе Прикажи Помалку
Еволуирано германско наследство
Во Германија #СтандардотЕволуираше. Поразновиден и поинклузивен секој ден. Во Opel сме горди да ги прифатиме вредностите што го прават родното место на нашите автомобили такво прогресивно место за живеење.
Храбра надворешност
Уникатен преден дел
GT X Experimental открива нов мотив на Opel за предниот дел. Карактеристичниот Opel Vizor е поставен да биде главен елемент за дизајнот на сите модели на Opel подоцна во 2020-тите.
Со отворен ум
GT X Experimental ги поздравува патниците со простран, непречен пристап. Сите четири врати се отвораат ширум до 90 степени за да го овозможат концептот на пристапен карактер.
Чистина која се претопува
Задниот дел го одразува предното лице и ја прикажува чистината на Opel Compass, со молскавицата што ги соединува задните светла во форма на крило.
Апел за висока технологија
Жолтите графички линии на фелните ги одразуваат жолтите препознатливи акценти на каросеријата. Тие го опкружуваат електронскиот амблем на молскавица, кој постојано стои мирно кога тркалата се вртат
Електрична моќ
Исечени триаголници се изрезбани на каросеријата: LED-екранот го покажува нивото на електрично полнење на батеријата. GT X Experimental потврдува дека сите модели на Opel ќе бидат електрични до 2024 година.
Смели пропорции
Силната силуета е акцентирана со смелиот графички идентитет, кој ги одделува горните и долните делови. Препознатливиот жолт акцент на Opel му дава структура и динамика на концептот.
Природна внатрешност
Редефиниран внатрешен дизајн
Нашиот GT X Experimental дефинира сосема нова филозофија за специфичниот германски дизајн на Opel, комбинирајќи ја чистотата со емоционална храброст.
Интуитивно искуство при возењето
Pure Panel е дигиталната детоксификација на Opel за релаксирано искуство во возењето, додека истовремено им ја овозможува на возачите најсовремената технологија на допирот на прстите.
Совршена изработка на седиштата
Графичките детали, исто така, ја нагласуваат строгата чистота на дизајнот во внатрешноста. Отстранливите звучници сместени под потпирачите за глава на седишта, исто така, овозможуваат звучно искуство како надвор од автомобил.
Непречен пристап
Во GT X Experimental, секоја вообичаена функција, секој модул на автомобилот е доведен во прашање со цел да се постигне чистота на дизајнот преку отстранување на непотребните елементи на дизајнот.
Новот лице на Opel
Compass
Дизајнерските елементи на идното лице на Opel со Compass се организирани околу две силни оски, кои се пресекуваат во форма на амблемот на брендот, давајќи му јасен континуитет и конзистентност.
Vizor
Vizor им дава нов визуелен идентитет на идните модели на Opel со логото на Opel како фокусна точка. Овој единствен модул ги врамува LED-светлата и сите високотехнолошки карактеристики.
Pure Panel
Pure Panel се изделува како новата функција на внатрешноста. Чистата и пријатна табла со инструменти е сместена во еден широк, единечен екран. Дигитална детоксикација за релаксирачко искуство во возењето.