Skip To Content
Преглед

Новиот Combo Cargo

Цврст, ултра практичен и супер разновиден. Со новиот Combo можете едноставно да превезувате и патници и товар. Тоа е Вашиот совршен деловен партнер.


3.4 m
Максимална должина на товарање(1)
4.4 m3

Mаксимален волумен на товарање(1)

 

1000 kg
Maксимална носивост(2)
(1)  Во зависност од избраната верзија и опции
(2)  Mакс. носивост ја зема предвид тежината на возачот, за Combo со стандардна должина


Иновативна разновидност 

Новиот Combo поседува паметен дизајн што значи дека е компактен, но простран и опремен со бројни иновативни решенија, што ја прави Вашата работа поедноставна и поефикасна. Тоа е добро за Вашиот работен тек и за Вашиот бизнис.

Иднината е електрична

Внеси чиста енергија, изнеси брилијантни резултати! Откријте го новиот Combo Electric. Ова иновативно комерцијално возило обезбедува перформанси без компромиси. Дали сте подготвени за промена?
Надворешен и внатрешен дизајн 
Карактер и удобност
Непогрешливо Opel однадвор, внатрешноста на новиот Combo овозможува максимална удобност, ергономија и простор. Истражете го вистинскиото мултифункционално возило со висока модуларност и паметни функции за поддршка при секојдневната работа.
Разновидност 
Вашата мултифункционална алатка
Приспособете го Вашиот нов Combo. Со две различни должини и стилови на каросеријата и бројни паметни решенија за зголемување на флексибилноста на неговата внатрешност, Combo е совршена германска алатка за Вашата секојдневна работа. Поголема флексибилност значи брилијантни резултати.
Товар 
Погоден за сите видови товари

Вашиот доверлив партнер за секоја задача: Новиот Combo овозможува водечки димензии на товарање во класата кои се подобрени со паметни карактеристики како што е отворот со вратичка за товарање Flex Cargo. Со импресивна максимална должина на товарање до 3,440 mm3, ова комерцијално возило е компактно однадвор, но сериозно пространо одвнатре.1,2

 

1 Димензиите може да се разликуваат во зависност од конфигурацијата.

2 Mаксимална должина на товарање до 3,090 mm со стандардно меѓуоскино растојание кај Combo, 3,440 mm кај Combo XL со долго меѓуоскино растојание со отворен отвор на преградниот ѕид и преклопени патнички седишта.

Поврзаност 

Бидете поврзани каде и да сте

Со новиот Combo ја максимизирате ефикасноста при секое возење. Најсовремените економични мотори, како и напредните опции на системот за навигација и услугите OpelConnect безбедно Ве одржуваат на вистинскиот пат.
Безбедност и помош при возење 
Безбедност на прво место 

Подобрете ја безбедноста за Вас и Вашиот тим. Новиот Opel Combo е опремен со IntelliLux® Matrix LED1 предни светла водечки во класата кои обезбедуваат оптимална видливост и автоматска приспособливост за да се избегне заслепување на возачите од спротивната страна. Со 14 индивидуални LED сегменти и нов дизајн, IntelliLux® обезбедуваат доверба во сите услови! Патници, комерцијално возило, товар. Сите можат да бидат безбедни со напредните функции кои помагаат да се спречат несреќи и да се олесни возењето.

Ви овозможува да се фокусирате на она што навистина е важно: Вашиот бизнис!

 

1 Oпција.

Ефикасно возење 
Го носи Вашиот бизнис чекор напред 
Извлечете го максимумот од Вашиот нов Combo благодарение на неговите високоефикасни, но моќни мотори и избор на менувачи. Без разлика дали сакате да стигнете до клиент зад аголот, сакате да возите подолга релација или Ви се потребни максимални перформанси со тежок товар, Вашиот Combo е деловен партнер кој целосно ќе Ви ги задоволи работните потреби.
Opel+ дополнителна опрема и повеќе
Прилагодете 
Нудиме огромен асортиман на дополнителна опрема, од носачи за кров до спојки за влечење, за дополнително да го прилагодите Вашиот нов Combo на Вашите лични и професионални потреби.
Exclusive leasing offer
Just XXX € per month
Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod tempor invidunt

1 Disclaimer.

2 Disclaimer