Skip To Content
Карактеристики

Новиот Combo-e Life

Имате сè што ви е потребно за модерен живот

Разновидност

Флексибилни седишта

Combo-е Life е достапен со пет или седум седишта1 што овозможува одлична флексибилност. Ви треба повеќе место во багажникот? Двете лизгачки седишта2 во третиот ред можат лесно да се отстранат.

 

1 Oпција.

2 Третиот ред седишта се достапни и за стандардната верзија и верзијата со долго меѓуоскино растојание. Сепак, тие се лизгачки само во верзијата со долго меѓуоскино растојание.

 
Простор за товарање
Минималниот товарен простор од 597литри1  може да се прошири до 2126 литри2, го прави Combo-е Life исклучително практичен – така што единствениот предизвик е да најдете доволно товар да го наполните.
 

Ви треба уште поголем простор? Надградете го Combo-е Life со долго меѓуоскино растојание до 2693 литри2 на багажен простор.

 

1 Со 5 седишта и стандардно меѓуоскино растојание, Combo Life-е има простор во багажникот од 597 литри со сите седишта на место. Верзијата со 5 седишта и долго меѓуоскино растојание има минимум 850 литри простор во багажникот.

2 До 2693 литри за Combo Life со долго меѓуоскино растојание и 2126 литри за стандардната верзија на Combo-е Life, натоварен до кров и преклопени задни седишта, според ISO 3832.

Поделба на задните седишта
Изберете помеѓу практичната поделба на задната клупа од 40/60 или 3 индивидуални задни седишта1, секое со стандардни држачи за детско седиште Isofix, за да можете да ги превезувате Вашите деца од место А до место Б целосно безбедни и удобно сместени. 
Треба да товарите екстра долг товар, како мебел? Едноставно преклопете ги задните седишта до подот и спуштете го предното совозачко седиште за да товарите предмети до 2,7 m во должина (или до 3,05 m за верзијата со долго меѓуоскино растојание). Без оглед на Вашите потреби, флексибилното седење може да се конфигурира за да се направи животот едноставен.

1 Oпција за избрани нивоа на опременост.
Простор за одлагање
Со бројни паметни прегради за складирање, Combo-е Life има простор за целата Ваша опрема. 
Врати и отвори
Со единечни или двојни лизгачки врати1, влегувањето и излегувањето од возилото е едноставно. Во задниот дел, поставете асиметрична поделена врата2 или задна врата со прозорец кој се отвара3 за брз и лесен пристап до багажникот. 
1 Двојни лизгачки врати достапни како опција за Edition, како дел од стандардната опрема за Elegance
2 Асиметрични поделени врати достапни како опција само за Edition
3 Прозорецот што се отвора е дел од стандардната опрема за Elegance и Elegance Plus
Верзии
Combo-е Life е достапен со две должини – 4,4 m за стандардната верзија, а 4,75 m за верзијата со долго меѓуоскино растојание додавајќи уште поголем внатрешен простор, заедно со багажникот. 
Со додавање 35 cm во должина, багажникот на Combo-е Life XL се проширува за 253 литри до вкупни 8501 литри на стандарден товарен простор.

Измерен простор во багажникот на Combо-e Life со 5 седишта со долго меѓуоскино растојание и инсталирани сите седишта.

Дизајн

Надворешност
Combo-e Life има вистински изглед на Opel. Совршено е применето германското прецизно инженерство за потребите на модерното семејство и можностите на професионалниот превозник. Со исклучително пространи димензии и практични иновации во внатрешноста, секое патување со Combo-e Life е вистинско задоволство, додека самиот надворешен дизајн е модерен и избалансиран. 
Внатрешност
Подигната позиција на седење, интуитивни контроли, загреан управувач1 и изобилство од простор – паметната кабина на Combo Life е комбинација на паметна поврзаност и практични карактеристики. 
Со фокус на ергономијата на возачот, внатрешноста е моделирана да понуди добро организиран, интуитивен простор. Големата централна конзола1 е паметно поделена на три функционални области. Инфозабавниот систем е сместен во горниот дел, при што контролите за греење и вентилација се наоѓаат под него. Во долниот дел има удобен и лесно достапен простор за складирање.

1 Oпција.
Панорамски сончев кров

Имајте поглед кон небо со панорамскиот кров со место за складирање1 и електричен штитник за сонце. LED светлата во горниот простор за складирање креираат релаксирачки амбиент во кабината.

1 Oпција.

 

 
LED дневни светла
LED дневните светла1 ја зголемуваат ефикасност и безбедноста и за Вас и за другите учесници во сообраќајот кога ќе излезете да возите во текот на денот.

1 Oпција за избрани нивоа на опременост. 

Безбедност и иновации

Автоматско сопирање во итни случаи
Автоматското сопирање во итни случаи со детекција на пешаци предупредува за потенцијален судир со пешак или друго возило1. Ако не се преземе никакво дејство, возилото автоматски ќе сопира. 
Работи автоматски над 5 km/h и под 85 km/час. Од 0 до 30 km/h, метриката на успорувањето за намалување на ударната брзина на судирот е 0,9 g. Од 30 до 85 km/h системот ја намалува брзината до максимум 22 km/h. По овој праг, возачот треба да сопира сам да ја намали брзината уште повеќе. Оперативната брзина на AEBPD зависи од откриената пречка (мобилна пречка: од 5 до 85 km/h, фиксна пречка: од 5 до 80 km/h, пешак: од 5 до 60 km/h). Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на системските ограничувања. Возачот останува одговорен при возење.
Напредна помош при паркирање
Автоматската помош при паркирање1 детектира соодветни места за паркирање, го презема управувањето и обезбедува акустични и визуелни предупредувања за да спречи судири додека паркирате.

1 Oпција 
Систем за помош за возење во лента
Системот за помош за возење во лента го предупредува возачот со системот за предупредување при напуштање на лентата и нежно ја корегира Вашата патека ако Вашиот Combo-e Life неочекувано започне да излегува од лента, држејќи Ве на вистинската патека. 
Hill decent control
Hill Descent Control е функција на системот IntelliGrip1, кој Ви помага безбедно да се движите дури и по најстрмните падини на контролиран и внимателен начин со автоматско прилагодување на брзината и профилот на сопирање.

1 Опција. 
Препознавање на знаци за ограничување на брзината
Системот за препознавање на знаци за ограничување брзина ги чита сообраќајните знаци за да ги препознае промените во ограничувањето на брзината и да му предложи на возачот соодветно да ја прилагоди брзината. 
Предупредување за странични слепи точки
Предупредувањето за странични слепи точки автоматски ги надгледува и предупредува за приближување на возила кои доаѓаат од спротивната страна во паралелната лента и во слепите точки, за да можете да бидете порелаксирани кога менувате лента и да уживате во една грижа помалку. 
Странична заштита (Flank Guard)
Системот за странична заштита1 користи 12 сензори за предупредување за препреки кои можеби не се видливи при влегување во кривина со мала брзина преку визуелни и звучни предупредувања на екранот за инфозабава.

1 Опција. 
Безбедност и воздушни перничиња
Шесте воздушни перничиња вклучувајќи ги возачкото, совозачкото, страничните и завесните воздушни перничиња овозможуваат високо ниво на безбедност за Вас и Вашите патници во секое време. 
IntelliGrip
Паметниот систем IntelliGrip1 се приспособува на условите со ниска контрола, како што се возење по кал, песок или снег, и е достапен со пет одделни режими на возење.

1 Опција. 
Камера за возење наназад
Широкоаголната панорамска камера1 од 180° ја прикажува околината околу автомобилот на 8" екран на допир. Виртуелните упатства на екранот помагаат да се олесни возењето наназад.

1 Опција. 
Head-Up дисплеј
Со Head-Up дисплејот1, клучните информации како што се брзината, предупредувањето за судир и навигацијата се појавуваат на стаклениот екран зад управувачот, така што не мора да го тргате погледот од патот.

1 Oпција. 

Поврзаност

Навигација
Mултимедијалниот Navi Pro1 со напредна гласовна контрола и целосна навигација ќе Ве доведе до Вашата дестинација без никаков стрес. Едноставно одберете ја Вашата дестинација и дозволете мапата за сателитска навигација да Ви ја покаже рутата.

1 Oпција 
Безжично полнење
Системот за безжично полнење1 на Combo-e Life Ви овозможува да го полните Вашиот мобилен телефон во движење, во секое време, без да имате потреба од кабли.

1 Oпциja 
OpelConnect услуги1
Паметена гама на услуги кои обезбедуваат нов степен на безбедност и поддршка Ви помага да останете поврзани на патот. 
  • Спокојство: повик во итен случај, повик при дефект и стату и информации за возилото. 
  • Практичност: Далечински функции за заклучување на вратите, сирената и светлата.
  • Паметно возење: Уживајте во опуштено возење благодарение на навигацијата во живо и управувањето со патувањата и возењето. 
 
1 Достапноста на услугите OpelConnect се разликува од земја до земја и возило до возило. За услугите може да е потребно претплата/надомест и подлежат на покриеноста и достапноста на мобилната мрежа

Дополнителна опрема Opel+

Ги задоволува сите ваши потреби

Изразете се со оригиналната дополнителната опрема Opel+ и искористете го максимумот од Вашиот Combo Life. Дизајнирана и тестирана за Вашиот Opel.

 

Сликата може да се разликува од производот на продажба.

Следни чекори