Skip To Content
Технички преглед

Технички преглед

Несомнено сте забележале дека вашиот Opel наскоро треба да оди на технички преглед. Дозволете им на експертите од Opel да направат проверка на возилото пред технички преглед и поштедете се од непотребните возења помеѓу центарот технички преглед и автосервисот за последователни поправки!

Подгответе се за технички преглед

Техничкиот преглед е важен за безбедноста на патот и одржување на вредноста. Официјалната контрола на возилата е задолжителна во сите земји, но насоките се секаде различни.

Opel сервисите можат да извршат проверка пред технички преглед и располагаат со техничка стручност за внимателно прегледување на возилата.

Еве што треба да се провери пред технички преглед:

 

  1. Светла: проверете дали сите светла добро светат - предни, странични, задни, светлата за опасност, индикатори и светла за сопирачки. Замолете некој пријател да ви помогне околу светлата за сопирачки.
  2. Регистарски таблички: проверете дали регистарските таблички се читки и чисти.
  3. Фелни и гуми: проверете дали фелните и гумите се без некои оштетувања и дали дебелината на шарата е барем 2 mm и повеќе.
  4. Ветробранско стакло: проверете дали на ветробранското стакло има оштетување поголемо од 10 mm пред возачот и 40 mm на остатокот од стаклото.
  5. Бришачи: проверете дали на гумата од предните и задните бришачи има оштетувања или дупки. Тие треба да го одржуваат стаклото чисто.
  6. Течност за стакло: наполнете го садот со течност за стакло пред техничкиот преглед – ако е празен, може да не поминете на тестот.
  7. Гориво и моторно масло: проверете дали се во ред нивоата со гориво и моторно масло, бидејќи ќе им треба тоа на техничарите за да ги проверат нивоата на емисии на возилото.
  8. Седишта и безбедносни појаси: сите појаси треба да бидат неоштетени и да се заклучуваат ако ги повлечете нагло. Возачкото седиште треба да се приспособува нанапред и наназад.
  9. Свирка: проверете ја свирката со кратко притискање. Ако не работи, ќе треба да се поправи.
  10. Сијалички на инструмент таблата: проверете дали сите ламбички се палат и гаснат кога ќе дадете контакт и проверете дали работи брзинометарот.

 

Ако имате потреба од дополнителна проверка пред техничкиот преглед, вашиот Opel сервис е тука за да ви помогне.