Skip To Content
Гаранција

Гаранција за ново возило

Opel ја потенцира својата доверба во високиот квалитет на своите производи со двегодишна гаранција која овозможува целосно покривање и ја вклучува услугата ‘Помош на пат за Opel‘.

Обем на гаранција

Гаранцијата за ново Opel возило ви овозможува да немате никакви грижи во период од две години без оглед на тоа колку возите.

 

Гаранцијата се однесува на поправка и замена на делови за вашиот нов автомобил без наплата од страна на Овластен Opel Сервисер.

 

За да добиете поправка на вашиот автомобил понесете ја Сервисната книшка во која е содржана Гаранцијата за новото возило и Меѓународниот Сертификат за Сервисирање на Овластениот сервисер за Opel.

 

Гаранцијата не покрива редовни потреби за поправки. Не се однесува на дефекти од: надворешни механички или хемички влијанија; несоодветно управување со возилото; поправки од трети лица; модификации кои не се одобрени од Opel; во случај да не се направени пропишаните проверки.

 

Контакт за клиенти

+389 (0)2 311 1108