Skip To Content
Карактеристики

Новиот Opel Movano

Совршена германска алатка за секоја работа

Дизајн

Надворешен дизајн
Покажете му на светот што значи Вашиот бизнис. Новото Movano има нов современ стил кој Ве остава без здив и ја подобрува веќе легендарната функционалност со елегантен професионален изглед.  
Удобност во кабината
Пространата внатрешност на новиот Movan обезбедува висока функционалност и удобна работна средина. Тоа е практична мобилна канцеларија со напредно дигитално поврзување преку OpelConnect. Има место за три лица напред и до четири лица одзади во crew van верзијата.  

Разновидност

Стилови и димензии на каросерија

Новиот Opel Movano доаѓа со избор на типови на каросерија со четири различни должини и три висини во две различни линии:

 

  • фургон, crew van, шасија со кабина, шасија со двојна кабина, шасија со единечна кабина и платформа со кабина
 
  • фабричка обработка за модели на кипер и модели сандучари со страничен отвор

 

  • четири максимални тежини на возила (GVW): 3,0 t, 3,3 t, 3,5 t и 4,0 t 
 
Практичност на товарниот дел

Товарниот простор во Opel Movan е меѓу најдобрите во класата со лесен пристап преку вратите со широк отвор и со капацитет до 17,0 m2. Со простор за најмногу четири еуропалети, можете да го конфигурирате Вашето Movano за максимален капацитет на товарење сè до кровот на секој модел за подобар пристап, сето тоа со максимална безбедност благодарение на заштитата на подот и страничните панели1.

 

1Опција

 

Товар

Носивост

Достапни се четири различни максимални тежини: 3000 kg, 3300 kg, 3500 kg и 4000 kg

 

Носивост до 2100 kg

 

Капацитет на влечење до 3000 kg 

 
Безбедност на товарот и преграда
Простор и удобност за Вас, Вашиот тим и Вашиот товар. Бројните практични места за складирање се на дофат низ целата кабина, вклучувајќи и безбеден простор за складирање под седиштето. Конфигурирајте го Вашиот простор најдобро да одговара на потребите на Вашиот бизнис, кој вклучува преграда со или без прозорец и многу точки за прицврстување на товарот, така што секој товар е безбеден за транспорт.  

Поврзаност

Инфо-забавен систем
Возачот и патниците може да патуваат спокојно благодарение на дигиталното радио, Bluetooth технологијата и USB конекцијата. Повисоките нивоа на опременост имаат 5-инчен дигитален екран на допир и опција за додавање интегрирано сателитско водење.  
Камера за возење наназад
Камерата за возење нананзад го прави возењето на Movano побезбедно и попрецизно. Тоа му овозможува на возачот да ја следи областа зад возилото на екранот на допир, за време на маневрирањето и ја покажува насоката со обоени линии за водење. Се активира автоматски кога менувачот е за возење наназад или задните врати се отворени и може да се комбинира со сензори за далечина при паркирање назад за дополнителна безбедност.  

Кабината во Movano

Предни седишта 
Индивидуалните предни седишта вклучуваат отстранливи и прилагодливи потпирачи за глава од пена, прилагодливи потпирачи за грбот и надолжно прилагодување.  
Централно седиште кое се склопува
Создадете корисна масичка за поставување лаптоп или кутија за храна кога возилото е во мирување со два практични држачи за пијалоци. 
Webasto помошен грејач 
Дополнителниот систем за греење може да се програмира и ги загрева моторот и кабината пред возење. Системот има вграден тајмер кој Ви овозможува да го програмирате времето на загревање до 24 часа однапред. Системот брзо ја загрева кабината, ги одмрзнува прозорците и го загрева моторот и колото за ладење.  
Возачко седиште со воздушна суспензија
Идеален за нерамен терен и подолги дестинации. Четиринасочно прилагодување со фиксен потпирач за рака и прилагодлива чувствителност на суспензијата во интервал од 40 kg до 130 kg. 
Бројни прегради за складирање

Бројни прегради низ патничката кабина за целата Ваша документација и корисни секојдневни деловни алатки, вклучувајќи кутија за ракавици, долни фиоки за складирање и горниот простор за складирање, држачи за пијалоци и практични прегради на вратите1.

 

1Достапноста е во зависност од пазарот 

 
Мобилна канцеларија 
Корисна табла за белешки што може да се скрие во контролната табла кога не е потребна. Може да се користи и како држач за паметни телефони или таблет со соодветен адаптер.  

Ефикасност при возење

Мотори и пренос
Opel Movano ви овозможува да ја завршите работата правилно. Работната нова линија од 2,2 Euro 6d-компатибилни дизел мотори е достапна во верзии од 88 kW / 120 КС, 103 kW / 140 КС и 123 kW / 165 КС со максимален вртежен момент до 370 Nm и издржлив 6-степен мануелен менувач.  
Оперативни трошоци
Opel Movano им обезбедува на компаниите без разлика на нивната големина високо конкурентни вкупни трошоци на сопственост, достапни и предвидливи договорни трошоци за сервисирање, одлична економичност на горивото и ниски емисии.  

Безбедност и помош за возачот

Програма за електронска стабилност (ESP)
Системот ESP користи сопирање на тркалата и моторот за да го ограничи вртењето на тркалото во случај на слаба влечна сила заедно со системот за контрола на тракцијата. Интегрираниот адаптивен систем за контрола на товарот помага да се држи патот во тешки услови со прилагодување на системот ESP во возилото според тежината и распределбата на товарот.  
Препознавање на занаци за ограничување на брзината 
Работејќи заедно со темпоматот, овој систем визуелно ги препознава сообраќајните знаци и го предупредува возачот на локалните ограничувања на брзината. 
Темпомат со ограничувач на брзина
Им овозможува на возачите да одржуваат константна брзина или да ја ограничат максималната брзина на возилото. 
Предупредување за ненамерно напуштање на лента 
Трајно го следи патот преку камера која се наоѓа над ретровизорот. Ќе се огласи звучно предупредување доколку возилото излезе од лентата.  
IntelliGrip
Со интегрирана интелигентна контрола на тракцијата, возењето во тешки услови е подобрено бидејќи системот го пренесува погонот на тркалото со најголема влечна сила. Системот Hill Descent Contro е исто така дел од оваа иновативна опција и му овозможува на возачот да одржува целосна контрола над возилото на каллив или карпест рид без употреба на гас.  
Предупредување за возила при возење наназад 
Системот ги детектира возилата што доаѓаат од спротивната страна зад комерцијалното возило преку заден сензор и му дава звучно предупредување на возачот, со што помага да се избегнат несреќи при напуштање на паркингот кога се вози наназад.  
Подобрена помош за сопирање

Систем1 звучно го предупредува возачот за опасна ситуација пред него. Доколку друго возило се приближи премногу, системот автоматски го започнува сопирањето во случај возачот да не реагира. 

 

1Системите за помош на возачот на Opel се дизајнирани да му помагаат на возачот во рамките на системските ограничувања. Одговорноста при возење останува на возачот. 

 
Предупредување за странични слепи точки
Системот за предупредување на странични слепи точки ги предупредува возачите кога е опасно да се премине на друга лента поради возила или предмети во нивната слепа точка.  
Помош за безбедност на приколка
Opel Movano нуди три специјални безбедносни функции за приколки:
 
  • Автоматско откривање на приколка за да се утврди присуството или отсуството на влечената приколка.
 
  • Откривање на должина на приколка за да се процени должината на приколката.
 
  • Проширено предупредување за слепи точки за детектирање на возила во близина на патеката на приколката при промена на лента. 
 

Opel+ дополнителна опрема

Одговара на сите ваши потреби

Кровни решетки
Погледнете детали
Алуминиумска кровна корпа и скала за пристап до задните врати
Погледнете детали
Гумени патосници
Погледнете детали
Висококвалитетна заштита на подот од иверица и целосна заштита на страничните ѕидови
Погледнете детали 
Камера за возење наназад 
Погледнете детали
Кука за влечење 
Погледнете детали

Следни чекори