Skip To Content
Проверка на состојбата на возилото

Проверка на состојбата на возилото

Вашиот Opel има 97 аспекти кои се релевантни за безбедноста и сигурноста на возилото. На нашиот Opel експерт му требаат само 12 минути за визуелна проверка и за да креира електронски извештај за состојбата со безбедноста. Посетете го сега вашиот Opel сервисен партнер за бесплатна визуелна проверка!

12 минути просветлување

Проверката на состојбата на возилото е наменета да ви даде комплетна слика за состојбата на вашиот Opel.

На тој начин ќе бидете сигурни дека вашето возило е во врвна состојба без оглед каде планирате да возите.

Нашите искусни техничари ја вршат визуелната проверка за 12 минути и даваат електронски извештај со детали за сите наоди. За секоја потребна интервенција ќе добиете конкурентна проценка, а ваша ќе биде одлуката што и кога ќе се прави.

 

Едноставен "семафор" систем точно ви покажува колку е безбеден и одржан секој дел од вашето возило и дали се препорачува некоја поправка или замена на одредени ставки.

 

Црвени ставки

Треба итно да се посвети внимание. Може да биде незаконски или небезбедно да се вози возилото во ваква состојба. Сè што е означено со црвено, треба веднаш да се поправи.


Жолти ставки

Жолтото покажува дека нешто не е во ред. Сервисниот советник ќе ве посоветува колку итно треба да се поправи таков дефект. Средете го тоа пред да стане полошо, веројатно ќе заштедите многу време и пари.

 

Зелени ставки

Добри вести. Не треба да се грижите за зелените ставки, барем не до следниот сервис.

 

Нашиот искусен персонал целосно ќе ви го објасни извештајот и ќе ви помогне да одлучите што треба да направите, ако воопшто треба.

Ако имате креиран профил на myOpel, ќе добиете преглед на наодите во PDF-формат за ваша евиденција, а жолтите и црвените ставки ќе бидат означени како потсетници за сервис, со можност да ја закажете поправката онлајн кај вашиот сервисер.

Закажете термин за бесплатна визуелна проверка кај нашите сервисери и дознајте за состојбата на вашето возило!