Skip To Content
Помош на пат

Opel асистенција

Направивте навистина одличен избор со купувањето на новo  Opel возило. Opel возилата се карактеризираат со сигурност, удобност, безбедност и исклучителни возни перформанси. Дел од нивната општа безбедност вклучува индивидуална услуга која гарантира дека секогаш ќе останете мобилни.

 

И покрај најсовремената технологија и највисоките стандарди за квалитет, доколку се појави технички проблем, не треба да се грижите. Opel асистенцијата секогаш е на Ваше располагање. Едноставно, повикајте го бројот од Центарот за Opel асистенција и професионални лица ќе се погрижат за останатото.

 

Се што е потребно за да се искористат придобивките од Opel асистенцијата во првите 24* месеци од датумот на првата регистрација е да ги извршувате пропишаните сервисни работи во препорачаното време од страна на производителот. Во тие 24* месеци, од датумот на првата регистрација на Вашиот нов Opel, ние ќе обезбедиме Ваша постојана мобилност во повеќе од 40 Европски држави.

 

*За возила купени од 01.01.2021  година, времетраењето на оваа услуга е 24 месеци, додека за возилата купени пред наведениот датум, времетраењето на оваа услуга е 12 месеци од датумот на првата регистрација.

Важна забелешка:

Во случај на дефект, пред да се организираат било какви услуги или поправки, секогаш најпрво треба да се јавите во Центарот за Opel асистенција.

 

Трошоците за било какви услуги кои не се организирани или претходно одобрени од страна на Центарот за Opel асистенција, нема да се покријат.

Телефонски броеви од Центарот за Opel асистенција:

Во Македонија, повикувајте: (02) 318 1193

 

Од странство, повикувајте го локалниот Центар за Opel асистенција. Сите држави и броевите за итна потреба се наброени на крајот од Сервисната и гаранциската книшка на Вашето Opel возило. Ако не можете да го добиете локалниот Центар за Opel асистенција, или имате јазични проблеми, слободно јавете се на телефонскиот број на Центарот за Opel асистенција во Македонија.

Пред јавување...

Уверете се дека при рака ги имате следните важни информации:

  • телефонски број на кој сте достапни
  • локација на возилото
  • причина или опис на дефектот
  • идентификациски број и регистарска табличка на возилото
  • боја на возилото
  • датум на регистрација
  • картичка за помош и Сервисна и гаранциска книшка.

За повеќе информации во врска со Opel Продолжена помош на пат, погледнете во делот “Opel FlexCare”.