Skip To Content
WLTP Rezimnavozenje Potrosuvackanagorivo
Со цел да се измери колку гориво автомобилот троши и дали е во согласност со строгите ограничувања на издувните гасови, сите нови возила се подложени на стандардизирана постапка за испитување. Од 1 септември 2017 год., новиот циклус на возење WLTP (Процедура за тестирање на лесни возила, усогласена низ целиот свет). Cтапи на сила во ЕУ за новите патнички автомобили. Го следи NEDC (Новиот европски возен циклус), кој беше во употреба од 1992 година. Објавувањето на вредностите од новото тестирање за возењето е задолжително за сите производители на автомобили од 1 септември 2018 год. На оваа страница ќе ги најдете најважните факти за WLTP и како се разликува од NEDC, како и информациите за стандардот EURO 6d-TEMP и како е поврзан со процедурата за реално издувување гасови (RDE). 
Дознајте повеќе

WLTP наспроти NEDC

WLTP NEDC
Температура при стартуванье 14°C 20-30°C
Време на циклус 30 мин.   20 мин.
Процент на време на стоенье 13% 25%
Должина на циклус приб. 23 km
приб. 11 km
Брзина Просечна: 46.6 km/h
Максимална: 131 km/h
Просечна: 34 km/h
Максимална: 121 km/h
Возна моќ

Просечна: 7 kW

Максимална: 47 kW

Просечна: 4 kW
Максимална: 34 kW
Влиjание на дополнителната опрема, климатизациjата (АС) и отпорот на тркаланье. Опционалната опрема се зема предвид за тежината, аеродинамиката и отпорот на тркаланье. Не АС. Броjките го земаат предвид само отпорот на тркаланье.

WLTP: пореални бројки за потрошувачката

Новиот возен циклус WLTP ги зема предвид ситуациите кои се поблиску до секојдневниот живот во споредба со стандардот NEDC. Ви овозможува подобро да ја процените дневната потрошувачка.

 

Процедурата за тестирање на лесни возила, усогласена низ целиот свет (WLTP) беше воведена на 1 септември 2017 година за новите типови возила. 12 месеци подоцна стана обврзувачка за сите патнички автомобили и на тој начин го наследи претходно користениот Нов европски возен циклус (NEDC). Додека сѐ уште беше во фаза на лабораториско тестирање, WLTP беше воведен со намера да им обезбеди на корисниците податоци за потрошувачката на гориво поблиски до реалното возење и да создаде ново ниво на транспарентност.

 

WLTP ги зема предвид:

  • Пореалната динамика на возење и надворешната температура
  • Тестирањето на поголеми растојанија
  • Повисоките просечни и максимални брзини
  • Помалото време на неактивност
  • Повеќе сопирање и забрзување


Опционалната опрема, исто така, има влијание врз бројките утврдени со користење на возниот циклус WLTP.

Што претставува циклусот на возење WLTP?

Што претставува циклусот на возење wltp

Возниот циклус WLTP се состои од неколку фази, кои се засноваат на секојдневните возни профили на возачи од целиот свет. Во споредба со NEDC, тој е подинамичен, има помалку фази на сопирање и користи поголеми брзини за сметка на подолго време за да ги одрази денешните ситуации во возењето.

 

Секоја комбинација на мотор/пренос на одреден тип возило се тестира со опрема што троши најмалку гориво, како и со онаа што троши најмногу. Додека воведувањето на WLTP резултираше со зголемување на објавените бројки за потрошувачката на гориво и вредностите на CO2, тие сега се многу поблиски до реалната потрошувачка на гориво и издувување CO2.
Прочитај Повеќе Прикажи Помалку

Euro 6 и RDE

WLTP RDE
Температура 14°C - 23°C
3°C - 30°C
умерени услови на тестиранье

Тежина

Праздно возило

+ возач + 15 % товаренье

До 90 % дополнително товаренье
Времетраенье 30 минути 90 - 120  минути
Маршрути Дефиниран циклус
Секоjа маршрута (град, регионален пат, автопат) во рамките на условите за тестиранье

Тестирање на реалниот живот

Според новите стандарди на издувување како Euro 6d-TEMP, возилата ќе мора да го докажат своето тврдење за емисија на гасови во иднина под построги услови за тестирање. Ова значи дека граничните вредности за азотните оксиди (NOx) и емисиите на честички не само што треба треба да се усогласат со новите лабораториски услови WLTP, туку исто така мора да бидат потврдени во секојдневното тестирање.

Затоа, за процедурата за испитување RDE (реални емисии при возење) не е потребен фиксен циклус на возење; растојанието, забрзувањето, надворешната температура, условите на ветер и условите во сообраќајот се избираат слободно во дадените статистички гранични услови.