Skip To Content
Карактеристики

Уживајте во функционалните и флексибилните карактеристики на Vivaro

Разновидност

Големини
Достапен во три различни големини, секоја варијанта на Vivaro нуди совршена рамнотежа помеѓу релативно компактните надворешни димензии и пространата, високофлексибилна внатрешност. 

Особено малата верзија1, со должина од само 4,60 метри, е совршено агилна во тесните градски улици и урбаните области каде што просторот е ограничен. Во оваа варијанта може да се товарат 2 евро палети, додека средните и големи варијанти имаат можност за превоз на 3.

 

1Малата верзија на Vivaro достапна само како Vivaro Van и Combi 

Лесно паркирање
Електричните лизгачки врати овозможуваат широк и удобен отвор во задниот дел за патниците и товарот, а висината на Vivaro под 1,9 m1 ви овозможува безбеден пристап во подземните паркиралишта. 
1Висината под 1,9 m не е применлива за Vivaro со долга основа на тркалата или варијантите со максимална носивост од 1400 kg.
Стилови на каросеријата
Достапен во четири стилови на каросеријата , Vivaro способно служи за широк опсег на различни  функции според посебните потреби на вашиот бизнис. 

Van1 е погоден за оние што имаат потреба од редовен пренос на товар, со до 3 седишта напред, додека верзијата со продолжена кабина2 нуди простор за макс. 6 лица, со патничка клупа назад. Верзијата кабина со платформа3 е дизајнирана за да обезбеди совршена основа за широк опсег на конверзии, додека Vivaro Combi1 нуди макс. 9 седишта за вашиот спортски клуб, колегите од работа или мал тим.

 

1Достапен во 3 големини: мал, среден и голем.

2Достапен во 2 големини: среден и голем.

3Достапен само во средна големина.

 

 

Товар

FlexCargo
Иновативната совозачка клупа со 2 седишта FlexCargo® ја зголемува флексибилноста на Vivaro, создавајќи висококонкуретен товарен простор од макс. 6,6 m3(1) и макс. товарна должина од 4 m. 

Имајте придобивки од максималната товарна должина по должината на комбето од 2,86 m во Vivaro со долга основа на тркалата или користете ја подвижната преграда за поделба FlexCargo®2 за предмети со должина до 4 m.

 

1Изберете ја големата верзија на Vivaro Van со FlexCargo® за максимален товарен волумен од 6,6 m3.

2Oпционално.

Носивост

Намалете ги патувањата носејќи повеќе секој пат, благодарение на дарежливата носивост на Vivaro од максимум 1400 kg1.

 

1Oпционално. Стандардната носивост изнесува 1000 kg.

 

 

 
Лизгачки врати

Со двојни електрични лизгачки врати1 и пристап без раце1 управуван со сензор ќе го отворите вашиот Vivaro со полни раце и ќе пристапите до огромниот товарен простор без никаква мака.

 

1Oпционално.

 
Димензии
Уникатен меѓу конкуренцијата, Vivaro во мала верзија има должина од само 4,6 m – совршен за возачи кои редовно го вртат градот по градските улички или урбаните области. 

Покрај неговите намалени димензии, најмалата варијанта е сè уште достапна со макс. 9 седишта (како Vivaro Combi) и голема максимална носивост од 1400 kg1. Средната варијанта е со должина од 4,95 метри, или изберете ја големата варијанта со повеќе простор при должина од 5,3 метри.

 

1Oпционално – стандардна носивост од 1000 kg.

Поврзаност

Инфозабава
Најдете ја најбрзата маршрута до вашата дестинација со 7-инчниот екран на допир1 и Multimedia Navi1.  Пристапете до целата ваша музика и вашите содржини на вашиот паметен телефон лесно со Android Auto™1,2 или Apple CarPlay1,2

1Oпционално.

2Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од видот на уредот и верзијата на оперативниот систем. Apple CarPlayе трговска марка на Apple Inc., регистрирана во САД и во други земји. Android Auto е трговска марка на Google Inc. Apple CarPlay и Android Autoможе да не се достапни во сите земји и може да зависат од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ги www.apple.com или www.android.com

 

OpelConnect
Останете поврзани на патот со паметната технологија и безбедносните системи. 

Помошните карактеристики, како повик во итни случаи, повик за дефект со пристап до помош на патот и навигација во живо ќе бидат достапни во текот на 2019 г.1.

 

1Повик во итни случаи и повик за дефект се достапни како опции во возилата од May 2019 г., услугата OpelConnect се очекува Q4 2019 г. За услугите може да е потребна претплата/надомест и зависат од покриеност и достапност на мобилна мрежа.

Мобилна канцеларија

Прилагодлива канцелариска масичка
Со совозачката клупа за двајца FlexCargo®1, претворете го вашиот Vivaro во канцеларија на тркала, со прилагодлива канцелариска масичка за возачот или совозачот. 

Искористете ги пригодните држачи за паметни телефони/таблети1 за да ги чувате вашите уреди безбедно. Уживајте во дополнителниот простор за складирање под перничињата на совозачката клупа1 за да можете да чувате опрема за работа и други вредни предмети со волумен до 60 литри.

 

1Oпционално.

Загреани седишта

Уживајте во високиот степен на удобност во пространата кабина на Vivaro со загреаните седишта1 во првиот ред, кои ќе ве чуваат на топло кога времето ќе стане ладно.

 

1Oпционално.

 
Складирање
Со отворени кутии за складирање во контролната табла, кружни простори во преградите на вратите за шишиња од 1,5 литри и касета со функција за ладење, Vivaro има простор за сè. 
Звучна изолација
Со различните материјали во кабината кои обезбедуваат дополнителна звучна изолација, можете да ја задржите надворешната бучава, со што ќе добиете порелаксирано искуство во возењето. 

Поддршка на возчот

Пакет за поддршка на возачот
Избегнувањето поспаност не е секогаш лесно. Функцијата за предупредување за поспаност на возачот ги анализира вашите шеми на возење преку предната камера и управувачот за да ве извести кога е време за кратка пауза. 
Функцијата за предупредување при напуштање лента препознава кога Vivaro ќе застрани од лентата и го предупредува возачот преку аудио и визуелна порака. Напредниот систем на светла автоматски ги менува предните светла помеѓу долги и кратки светла за да не ги заслепите другите возачи. Функцијата за прилагодување на ограничувањето на брзината користи препознавање на знаците за брзинско ограничување за да ги анализира промените во ограничувањето на брзината. Со едно притискање на копчето за меморија дозволете му на темпоматот соодветно да ја прилагоди брзината.
Пакет за безбедност на возачот
Со еден допир на копчето за меморија, автоматскиот темпомат ја намалува вашата брзина за да го одржи поставеното растојание од автомобилот пред вас во сообраќајот, враќајќи ја истата брзина кога ќе се расчисти патот.  
Функцијата за предупредувањето за слепа точка користи сензори и визуелна проекција на страничниот ретровизор, предупредувајќи го возачот за возилата во слепата точка на Vivaro за да спречи незгоди при ситуации на претекнување. Функцијата за предупредување за судир нанапред го скенира патот напред за да го предупреди возачот за потенцијални судири со возила или пешаци. Доколку е потребно, функцијата за автоматско сопирање презема чекори да спречи незгода, сопирајќи независно од возачот.
Дисплеј Head-Up
Уникатен во сегментот, видете ги виталните информации, како брзината и податоците за темпоматот проектирани на ниво на погледот на возачот на дисплејот Head-Up на Vivaro. 
Задна камера од 180 °

Ослободете се од стресот при паркирање и маневрирање по тесните градски улички со задната камера со панорамски поглед од 180°1 проектирана на 7-инчен екран на допир1.

 

1Oпционално.

 

Ефикасност

Мотори и пренос
Стигнете подалеку со еден резервоар гориво со понудата на моќни, но економични мотори Euro 6d-TEMP на Vivaro со макс. 180 КС, за ниски оперативни трошоци, намалени издувувања и максимална ефикасност. 
И уживајте во прецизно менување со менувачот за глатко возење со понудата на рачен и автоматски пренос на Vivaro.
Вкупни трошоци за сопствеништво
Со Opel ќе останете на патот со најниските трошоци за 24 часа дневно, 365 дена во годината, истовремено зголемувајќи ја профитабилноста на вашиот бизнис. 

Уживајте во економичните придобивки:

 

  • 24-месечна гаранција за нов автомобил, без ограничување на километражата, 5-годишна гаранција против перфорација
  • Европска мрежа со 4500+ точки за сервисирање на Opel и 3000+ центри за сервиси за комерцијални возила
  • Вклучена помош на патот Opel за првата година во 40 земји
  • Загарантирани оригинални резервни делови за Opel
  • Ниски трошоци за сервисирање и одржување
  • Долги интервали за сервисирање: до 2 години/50.000 километри
IntelliGrip
Системот IntelliGrip на  Vivarо, заедно со гумите со специјална конструкција, овозможува дополнителни нивоа на триење на тешки површини, како кал, песок или снег. 
Конверзии 4x4
Изберете ја конверзијата 4x41 на Dangel за висока мобилност на проблематични патни површини или дури и земјени терени.   

Дополнително, исто така е достапна конверзија 4x2 од Dangel.

 

1Активирајте го системот за да го префрлите Vivaro на погон на 4 тркала; деактивирајте го за да се вратите на погон на 2 тркала.

Додатна опрема Opel+

Ги задоволува сите ваши потреби

Изразете се со оригиналната додатна опрема Opel+ и искористете го максимумот од вашиот Vivaro. Дизајнирана и тестирана за вашиот Opel.

 

Сликата може да се разликува од производот на продажба.

Дефлектори за ветер
Прикажи детали
Комплет за заштита на товарниот простор
Прикажи детали
Кровна конструкција
Прикажи детали
Кровни шини
Прикажи детали
Кука за влечење со топка
Прикажи детали

Следни чекори