Movano
Movano
Новиот Movano го поседува целиот добро познат квалитет на изработка и практичност на Opel, кој сега е подобрен со специјализирани верзии, освежен професионален дизајн, подобрени функции за помош на возачот и поголеми капацитети на носивост. Сега повеќе од кога било, новиот Opel Movano е совршена германска алатка за секоја работа.
Запознајте го вашиот нов Movano
Главни карактеристики
Флексибилност; удобност; можности; погони
Разноврсност и искуство
Гамата на новото Movano
Создаден за бизнис и дизајниран да работи напорно како и Вие, новиот Movano ги задоволува Вашите потреби со својте карактеристики и практичност. Movano може да се справи со секоја работа со тоа што се прилагодува на Вашите барања. Достапен во четири должини и три висини, може да се конфигурира во широк спектар на верзии, вклучувајќи фургон, crew cab, шасија со кабина, шасија со двојна кабина и шасија со единечна кабина - плус фабрички конверзии за кипер, сандучари со странично отворање и подготовка на камп-приколки. Каде и да Ве одведе Вашиот бизнис, Movano е идеалниот партнер.
Простор за работа
Кабината на новиот Movano
Внатре во паметно редизајнираната кабина на Movano ќе најдете практичен простор кој им е потребен на професионалците за успех. Има и разноврсна мобилна канцелариска област со напредно поврзување преку OpelConnect. Со многу простор за возачот и двајца патници и уште до четири лица, целиот тим може да патува удобно. Сите уживаат спокојно со сеопфатните функции за помош на возачот на Opel Мovano, вклучувајќи ја автоматската безбедна сопирачка, предупредувањето за странични слепи точки и предупредувањето за ненамерно напуштање лента.
Бидете ефикасни
Можностите на новиот Movano
Новиот Opel Movano нуди практични решенија за предизвиците на современиот бизнис. Дури и со носивост до 2,1 тони, GVW до 4,0 тони и капацитет на носивост до 17 m3, новиот Movano сè уште одржува стабилност и одлични возни карактеристики. Обезбедете ја иднината на Вашиот бизнис со супериорна употребливост на товарниот простор и безбедно складирање на товарот.
Професионалност и моќ
Новите погонски единици на Моvano
Opel Movano ја носи конкурентната ефикасност чекор понапред со импресивниот 2,2 литарски дизел мотор. Целосно усогласен со Euro 6d, турбо погонот со ниско триење е дизајниран да ги намали оперативните трошоци и да дава извонреден вртежен момент, додека сè уште одржува врвна ефикасност на горивото и ниска емисија на CO2.