Skip To Content
Преглед
НОВИОТ COMBO ELECTRIC

НОВИОТ COMBO ELECTRIC

НОВИОТ COMBO ELECTRIC

Новиот Combo Electric го отелотворува сето она што ја истакнува новата гама на електрични комерцијални возила на Opel: Го комбинира деловното искуство на Opel со прецизно инженерство за да се реализира целосно електрично комерцијално возило со оптимална ефикасност и бескомпромисна приспособливост. И покрај неговиот компактен профил, Combo Electric има обемен товарен волумен од 4,4 m³, надополнет со супериорни функции за управување со товарот, како што е системот за должинско товарење FlexCargo® Load-Through.

280 km1
Mаксимален опсег на батерија, во зависност од оптоварувањето и опциите
4.4 m3
Mаксимален волумен на товарање(1)
3,4  m
Mаксимална должина на товарање(1)
(1)  Во зависност од верзијата и избраните опции



Електрифициран придружник

Со својот паметен дизајн, грандиозен простор и доверлива батерија, новиот Combo Electric е идеален превозник за речиси секој бизнис.

Способен дизајн
Формата ја следи функционалноста
Непогрешливо Opel однадвор, внатрешноста на новиот Combo Electric овозможува максимална удобност, ергономија и простор. Истражете го вистинскотo мултифункционално возило со висока модуларност и паметни функции за поддршка при извршување на Вашите секојдневни работни активности.
E-технологија
Батерија, полнење и повеќе
Сакате да преминете на електрично возило? Одлична деловна одлука, од вистински причини. Ефикасно, одржливо и отвара пат кон иднината. Совршено одговара за Вашиот бизнис.
Приспособливост
Вашата мултифункционална алатка
Приспособете го Вашиот нов Combo Electric. Со две различни должини и стилови на каросеријата и бројни паметни решенија за зголемување на флексибилноста на неговата внатрешност, Combo Electric е совршената германска алатка за извршување на Вашите секојдневни работни задачи. Поголема флексибилност значи брилијантни резултати.
Товар
Погоден за сите видови на товари

Вашиот доверлив партнер при секоја задача. Новиот Combo Electric овозможува водечки димензии за товарење во класата кои се подобрени со паметни карактеристики како што е отворот со вратичка за товарење Flex Cargo. Со импресивна максимална должина на товарење до 3,090 mm3, ова комерцијално возило е компактно однадвор, но сериозно пространо одвнатре.1,2

 

1 Димензиите може да се разликуваат во зависност од конфигурацијата.

2 Максимална должина на товарање до 3,090 mm со стандардно меѓуоскино растојание кај Combo Electric, 3,440 mm кај Combo Electric со долго меѓуоскино растојание со отворен отвор на преградниот ѕид и преклопени патнички седишта.

Поврзаност
За најбрзиот пат до Вашата дестинација

Со новиот Combo Electric ја зголемувате ефикасноста при секое возење. Најсовремениот електричен погон, како и опциите на системот за навигација и услугите OpelConnect овозможуваат да бидете на вистинскиот пат со Вашите колеги.

 

Безбедност и помош при возење
Безбедност на прво место

Подобрете ја безбедноста за Вас и Вашиот тим. Новиот Opel Combo Electric е опремен со IntelliLux® Matrix LED1 предни светла водечки во класата кои обезбедуваат оптимална видливост и автоматска приспособливост за да се избегне заслепување на возачите од спротивната страна. Со 14 индивидуални LED сегменти и нов дизајн, IntelliLux® обезбедуваат доверба во сите услови! Патници, комерцијално возило, товар. Заштитете ги со напредните функции кои помагаат да се спречат несреќи и да се олесни возењето.

Ви овозможува да се фокусирате на она што навистина е важно: Вашиот бизнис!

1 Oпција.

Ефикасност при возење
Го носи Вашиот бизнис чекор напред 
Извлечете го максимумот од Вашиот нов Combo благодарение на неговиот високо ефикасен и моќен електричен мотор и трите различни режими на возење. Без разлика дали сакате да стигнете до клиент зад аголот, сакате да возите подолга релација или Ви се потребни максимални перформанси со тежок товар, постои режим кој одговара на секоја ситуација.
Opel+ дополнителна опрема и повеќе
Ѕидни полначи и повеќе
Opel ја разбира потребата за електрична енергија која е движечка сила кај Вашиот нов Combo Electric, а со тоа и успехот на Вашиот бизнис. Затоа комерцијалното возило стандардно доаѓа со кабел за полнење. Ја избравме најдобрата дополнителна опрема за електрични возила. Откријте која опрема најмногу одговара за Вашиот бизнис.

Lorem ipsum
Lorem ipsum dolor
Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod tempor invidunt

Доверлив придружник

Ѕидни полначи

Добијте ги сите детали што Ви се потребни за ѕидните полначи и полнењето во домот во нашиот центар за е-мобилност.

Полнење и опсег

Подготвивме многу информации за полнењето и опсегот во нашиот центар за содржини за е-мобилност. Провери сега.

1 Потрошувачка на енергија (комбинирано) 22,4–19,7 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km, опсег (комбинирано) 249 km до 280 km (во зависност од инсталираната опрема).***

2 Combo XL со патничка клупа и отвор во преградниот ѕид. Стандардниот товарен простор е 3,8 m3.