Skip To Content
Проверки

Проверки

Вашиот Opel нека се тркалан нежно со помош на нашите експерти

Нашите возила покажуваат високи перформанси и врвен квалитет. За да се увериме дека ќе останат такви, на сите возачи им препорачуваме повремено да ги проверуваат своите Opel возила. Особено, пред промена на сезоната или пред долг пат, Opel Service Check има голема вредност. 

Opel проверка на безбедност

Повремениот преглед на возилото и неговите компоненти кои се важни за безбедноста е значајно од неколку причини. Пред подолгите патувања или пред почетокот на зимата, заради безбедноста на возилото и патниците, препорачуваме да му ја доделите оваа обврска на специјалист од Opel.

Проверка на Opel акумулатор

Се препорачува повремено специјалист да ги проверува постарите акумулатори. Ова особено го препорачуваме во зима, бидејќи не е баш пријатно да се стои покрај патот на ладно време. Освен тоа, се препорачува проверка и на антифризот и на течноста за ветробранското стакло. 

Проверка на шасијата

Врската помеѓу возилото и патот се овозможува со тркалата и подвозјето/шасијата. Колку е полоша површината на патот, толку е поголема можноста за дефект на подвозјето. Колку подолго возиме на неквалитетен пат, толку поитна станува потребата специјалист да го провери возилото.

Проверка на Opel масло

Постои само еден поважен адитив за возилото од горивото: масло. Ако не користите лубриканти или ако моторното масло не е соодветно, вие и вашето возило нема да бидете безбедни. Се препорачува специјалист да го провери и да го замени.

Проверка на Opel системот за климатизација

Клима-уредот е речиси стандардна опрема во секое возило, но повремено треба да го проверувате, да го чистите, да го замените филтерот за полен. Проверувајте го за да не ви биде жешко без клима-уред и чистете го за да сте сигурни дека воздухот нема да предизвика здравствени проблеми.

Стручни сервисни контроли

Одржувајте го вашиот Opel во врвна состојба со помош на нашите сервисни експерти.

Тие најдобро ја знаат технологијата на вашето возило и се опремени со најсовремени алати што осигурува висококвалитетна поправка и фер цена. Посетата на овластен сервис барем еднаш годишно, ја зголемува вредноста на возилото при препродажба.

Проверка на состојбата на возилото

Составени од околу 10.000 делови, автомобилите се мошне сложени. Ние вршиме визуелна проверка на целото возило за само 12 минути со што осигурува безбедност и доверливост.

Проверката на состојбата на возилото е бесплатна и дава моментален извештај за состојбата на вашиот Opel.

Проверка за технички преглед

Проверка за технички преглед е годишна контрола со која се проверуваат безбедноста на возилото и емисијата на издувни гасови.

Вашиот овластен Opel сервис однапред ќе го подготви вашиот Opel за технички преглед.

Вашиот авторизиран Opel сервисер однапред ќе го подготви вашиот Opel за техничкиот преглед.