Skip To Content
Карактеристики

Ова е Mokka

Максимално уживање во возењето

Дизајн

Привлекува погледи
Спортскиот и динамичен изглед на новата Мokkа е повеќе од смел стилски израз на чистиот прогресивен дизајн. Таа е израз на целосно новата филозофија на германскиот инженеринг и јасна визија за фасцинантната иднина на Opel.
 
Изберете GS Line за да ја направите Вашата Mokka уште пооргинална и поспортска благодарение на естетските елементи кои нема да останат незабележани.
Вистинки празник за вашите очи
Возбудливите линии на каросеријата на Мokka се само почеток на Вашето патување во новиот свет на германскиот дизајн. Во внатрешноста ќе откриете хармонија на пропорции, светлина, простор и технологија кои овозможуваат вистинско возбудливо возење.
 
Одлични детали
Од која страна и да погледнете, новата Мokka изгледа возбудлива. Секоја линија и секоја функција, до ултра-тенките LED® задни светла, се дизајнирани да комбинираат динамична форма со револуционерна функционалност.
 
Изглед кој ве освојува
Благодарение на својот извонреден изглед и карактер, Мokka веднаш ги привлекува Вашите погледи каде и да се појави. Понесете го спортски дух на уште повисоко ниво, со изборот на смели и визуелно привлечни алуминиумски наплатки од 16”, 17” или 18”, како и привлечната палета на бои.
 
Опции за кров и капакот на моторот
Оставете силен впечаток со стил. Откријте ги ексклузивните елементи на дизајнот и многубројните опции за прилагодување и нагласете го секој аспект на изгледот на Вашата Mokka, вклучувајќи го визуелниот динамичен избор на бои за кровот и капакот на моторот.
 
Прекрасен амбиент
Естетиката на новата Мokka, непогрешлива и оригинална, се изразува во секој елемент на каросеријата, интегрирајќи ја чистотата на формата и врвните функции. Дизајнот е функционален и совршено прпорционален, од препознатливиот визир на Opel  во предниот дел до архитектурата на „лебдечкиот“ кров кој ги врамува страничните прозорци.
 
Направете ја Вашата Мokka толку светла и живописна однадвор колку што сакате, избирајќи од лајсни за страничните прозори во карактеристична црвена, сребрена и црна боја.1
 
1Црвената и сребрената боја достапни од самото лансирање, црната од пролет 2021.

Безбедност и иновации

LED® Matrix предни светла
Незаслепувачките автоматски постојани светла Intelli-Lux LED® Matrix обезбедуваат одлична видливост во секоја ситуација, дозволувајќи Ви удобно возење и јасност од моќните долги светла без да ги заслепувате другите возачи. 
Автоматски темпомат
Благодарение на автоматскиот темпомат1, 2 не е потребно да избирате помеѓу безбедност и уживање во удобно и релаксирано возење. Овозможува автоматско забрзување и сопирање и помага во одржување на постојано растојание со возилото пред вас во секое време.
 
1Опција. Можно активирање на брзина од 30 km/h до 180 km/h.
 
2Системите за помош на возачот на Opel се дизајнирани да му помагаат на возачот во рамките на ограничувањата на системот. Одговорноста за возењето останува на возачот.
Автоматско сопирање во случај на опасност
Како дел од целосниот пакет на функции за помош на возачот, вклучително и помошта за одржување на лента и предупредувањето за преминување на лента, системот за автоматско сопирање во итни случаи кај Вашиот Mokka го надгледува патот пред Вас за детектирање на возила и пешаци, помагајќи да се избегнат или значително да се намалат штетите од судирот. 
Со брзина до 30 km/h, брзина при која се случуваат најмногу судири, автоматското сопирање кај Мokka во случај на опасност дури и целосно ќе го запре возилото. При поголеми брзини, системот ја намалува брзината на возилото до 50 km/h и значително ги намалува последиците од ударот.
Дигитална инструмент табла
Софистицираноста и едноставноста кај Mokka се истакнуваат во Opel Pure Panel. Јасна и едноставна, прилагодливата 12" дигитална инструмент табла Ви ги дава сите потребни информации без мешање или пренатрупаност. Елементите што визуелно го одвлекуваат вниманието се елиминираат, оставајќи ја само беспрекорната дигитална контрола.
 
Панорамска задна камера од 180 °
Панорамската камера Ви овозможува зголемен заден приказ од 180 °, ги детектира и ги нагласува околните предмети во Ваша близина и Ви дава видливост на сообраќајот што доаѓа од двете страни на возилото - особено корисна функција кога возите наназад во прометна сообраќајница. 
Помош при паркирање
Направете го совршеното паркирање да навистина изгледа лесно. Напредниот систем за помош при паркирање кај Mokka го контролира управувачот, а додека пак возачот ги контролира сопирачката или педалата за гас. Системот Ви помага да пронајдете соодветно паркинг место со проценка дали има доволно простор и потоа може да го извади возилото од паркинг местото.
 

Премиум комфорт

Напредна луксузност
Mokka го прави секое патување поинтересно - а со своите привлечно извајани седишта и функцијата за масажа на возачот овозможува да бидете и порелаксирани. Патувајте во удобност, пристигнете во стил. 
Карактеристики на греење
На студен ден, малку работи се попријатни од топло седиште. Предните седишта на Mokka може да се загреат на три различни нивоа, додека возачот истовремено ужива во електрично загреаниот управувач. 
Разновидност
Пространата кабина на Mokka и интелигентните функции Ви овозможуваат да одите каде сакате, без разлика дали носите обемен товар или целото семејство плус багаж.
 
Задните седишта може да се преклопат во сооднос 40:60 за значително да се зголеми товарниот простор и да дадат флексибилни опции за транспорт на долги предмети.

Поврзаност

Навигација
Најсовремените системи за навигација на екранот на допир на Opel Ве водат по најдобрата рута и обезбедуваат ажурирани информации за сообраќајот во реално време. Изберете помеѓу Multimedia Navi Pro со 10-инчен екран1 и Услуги за навигација во живо2 и Multimedia Navi со 7-инчен екран1.
 
1 Опција.
2 Недостапно во Ирска 
Инфозабава
Mokka е совршено место во кое треба да бидете, благодарение на целосната компатибилност со Apple CarPlayTM1 и Android AutoTM2,3, стриминг преку вграден Bluetooth®4, USB приклучоци и аудио-систем со шест звучници за богат, воодушевувачки звук во движење.
 

1Apple CarPlay и Apple Siri се регистрирани трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји.

2Android Auto е регистрирана трговска марка на Google Inc.

3Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од видот на уредот и верзијата на оперативниот систем. За да ја проверите компатибилноста на вашиот уред, одете на www.apple.com или www.android.com или контактирајте го вашиот продавач на Opel.

4Bluetooth® е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG Inc.  

Безжично полнење
За Вашата Mokka да биде пространа и непренатрупана оаза на дигитален детокс, можете да ги наполните Вашите компатибилни уреди користејќи интегриран безжичен полнач1. Вградените безбедносни механизми за детектирање на брзи движења спречуваат било какво оштетување од безжичното преоптоварување на батериите на Вашиот уред додека возите на нерамни површини.
 
Oпционално. Може да е потребен додаток за мобилен телефон. Индуктивно полнење само со паметни телефони компатибилни со PMA или Qi. За да ја проверите компатибилноста, контактирајте со вашиот продавач на Opel.
Услуги OpelConnect1
Паметната понуда на услуги, што даваат нов степен на безбедност и поддршка, Ви помага да останете поврзани на патот.
 
  • Мир на душа: функција за повик во итен случај, дефект и редовните информации за статусот на возилото.
  • Практичност: далечински функции за заклучување/отклучување на вратата, сирената и светлата2, отвори и стартувај со паметен пристап2. Нашите дополнителни услуги за електрични возила: e-Remote Control, Trip Planner и Charging Pass - ви помагаме да продолжите понатаму!
  • Паметно возење: уживајте во релаксирано возење благодарение на навигацијата во живо1 и управувањето со патувањето и возењето.

 

Достапноста на услугите OpelConnect се разликува од земја до земја и од возило до возило. За услугите може да е потребна регистрација/плаќање и се предмет на покриеноста и достапноста на мобилната мрежа.

Воведувањето е планирано за крајот на 2020 година.

Динамика на возње

Мотор
Мokka е смело олицетворение на чистиот нов дизајнерски јазик на Opel. Но, ова не се само зборови. За Мokka акцијата е најважна а не зборовите, а за тоа најдобар доказ се високо-ефикасните мотори и исклучителното управување.
 
Динамичниот бензински 1.2 тубо-мотор со директно вбризгување на Opel испорачува до 130 КС, додека напредниот 1.5 дизелски мотор обезбедува 110 КС. Стандард и за двата мотора: ниска потрошувачка на гориво и нискa емисија на CO2.
Пренос и режими на возење
Откријте ја гамата на технологии за пренос и подобрување на перформансите кои совршено одговараат на Вашите потреби и Вашиот стил на возење. Mokka е достапна со избор на 6-степен мануелен и врвен 8-степен автоматски менувач.
 
Почувствувајте ја поврзаноста со патот со вклучување на спортските палки за мануелно да ги контролирате промените на степените на пренос кога и да е потребно - или едноставно кога Ви се допаѓа. Дури и со 8-степен автоматскиот менувач, Моkka им овозможува на возачите повеќе опции, не помалку. Едноставното притискање на прекинувачот за режим ги менува перформансите на возилото: Sport за супериорна динамика, Еco за минимизирање на потрошувачка на гориво и Normal за балансирано секојдневно возење.
Техологии и перформанси
Дури и погледот на прекрасните пропорции на Mokka Ви кажува дека нејзините производители разбрале дека само моќта не е доволна. Мора точно да знаете каде и како да ја користите. Тоа апсолутно вреди за перформансите на Mokka - благодарение на интелигентните функции и напредните технологии, секој може да ужива во моќта со целосна контрола.