Skip To Content
Карактеристики

Ове е новиот Crossland

Да се изгледа вака добро, е само бонус

Дизајн

Надворешност
Новиот Crossland носи нова димензија на чист прогресивен дизајн. Германски инжинеринг што ги задоволува потребите на Вашето активно секојдневие и секоја наредна авантура.  
Внатрешност

Дизајнот кој го одзема здивот продолжува во практичната и пространа кабина. Уживајте во супериорната удобност на седиштата Alcantara1, интуитивното управување и подигнатата положба на седење типично за SUV.

 

1Опција

 
Дизајн на задниот дел 
Затемнетите LED задни светла го заокружуваат стилот и прегледноста и претставуваат уникатен светлосен потпис на Opel кој е во форма на крила. Нагласената сјано црна боја на задната врата, како и новиот симбол, визуелно го спуштаат новиот Crossland, нагласувајќи го неговиот широк и моќен дизајн.  
Тркала
Новиот самоуверен изглед на Crossland покажува дека тој е подготвен за секојдневни авантури - и работите стануваат уште подобри кога тој изглед ќе го прилагодите на себе. Благодарение на големиот избор на тркала, без разлика на кој стил се стремите, од елегантна пристојност или привлечна провокативност, Crossland го има потребниот изглед.  
Панорамски и двобоен кров 

„Лебдечкиот“ кров е достапен како опција во Diamond Black или Jade White за да го потенцирате возбудливиот визуелен профил на Crossland. Изберете панорамски стаклен кров1 за повеќе светлина во кабината.

 

1Опција, во зависност од бојата на каросеријата и нивото на опременост.

 

Безбедност и иновации

Afl-LED предни светла
Имајте целосна контрола на патот и возете побезбедно. AFL-LED чувствителните предни светла кај Crossland значително ја подобруваат видливоста во сите услови, дури и автоматски ги исклучуваат долгите светла за да не ги заслепи другите возачи и ја зголемуваат осветлената површина при влегување во свиоци. Уште подобро да видите, и да бидете видени - во Crossland. 
Панорамска задна камера од 180 °
Паркирајте се без да да ја вртите главата со помош на панорамската камера за возење наназад кај Crossland. Дисплејот за инфо-забава овозможува особено широк приказ од паметната камера од 180 °, што Ви овозможува да ги следите слепите точки, да ги проверувате пречките и да избегнувате било каква опасност при возење наназад.  
Автоматска помош при паркирање
Паркирајте се без напор со системите за помош на возачот кај Crossland кои Ве водат дури и во најтесните простори. Автоматската помош при паркирање го анализира просторот со сензори и автономно го насочува возилото кон самото место, додека Вие треба да ја контролирате педалата за гас, сопирањето и менувањето степени на пренос. Кога ќе завршите, таа исто така може да Ве врати од паркинг просторот на улица.  
Head-up дисплеј
Head-up дисплејот ги прикажува основните информации како што се брзината, предупредувањата на инструмент таблата и сообраќајните знаци и ги става директно во Вашето видно поле за да можете сепак да бидете фокусирани на патот со минимално одвлекување внимание. 
IntelliGrip
Моќта е бескорисна без контрола. IntelliGrip ја контролира моќноста на динамичниот погонски систем на Crossland точно таму каде што е потребно за максимално држење на патот и без вртење на тркалата. Овој паметен систем обезбедува оптимално држење и стабилност на сите видови површини со автоматско прилагодување на дистрибуцијата на вртежниот момент на тркалата и менување на поставките на ESP (програма за електронска стабилност). Возачите можат однапред да го постават IntelliGrip за кал, снег или песок користејќи едноставно тркалце поставено на централната конзола или да го остават во нормален режим, така што IntelliGrip може да ја следи ситуацијата додека уживате во побезбедното и порелаксирано возење низ град или автопат.  
Автоматска помош при паркирање
Паркирајте се без напор со системите за помош на возачот кај Crossland кои Ве водат дури и во најтесните простори. Автоматската помош при паркирање го анализира просторот со сензори и автономно го насочува возилото кон самото место, додека Вие треба да ја контролирате педалата за гас, сопирањето и менувањето степени на пренос. Кога ќе завршите, таа исто така може да Ве врати од паркинг просторот на улица.  

Премиум комфор

Разновидност
Crossland има место за сè што Ви треба. Кабината е бесконечно прилагодлива на Вашиот животен стил, нуди исклучителна флексибилност и простор за складирање типичен за SUV - за да БИДЕТЕ подготвени за сè што ќе донесе денот. Crossland има стандарден капацитет на багажникот од 410 литри, што може да се прошири на 1255 литри, бројка што го сместува меѓу најголемите и најфлексибилните во сегментот.   
Лизгачки задни седишта
Доколку во денот Ви треба повеќе простор од вообичаено, Вашиот Crossland ќе Ви овозможи уште повеќе простор. Задните седишта може да се поместат и преклопат во сооднос 40/60. Двојните потпирачи за раце може исто така да се преклопат за транспорт на подолги предмети, а висината на подот на багажникот може да се прилагоди.  

ергономски седишта со agr сертификат
Активните егрономски седишта кај Crossland имаат ознака за квалитет AGR (Кампања за поздрав грб1). Со 16 опции за прилагодување, вклучително и прилагодливи потпирачи за глава, електронски прилагодлива поддршка за лумбалниот дел и можност за продолжување на седиштето, овие седишта обезбедуваат правилно држење на телото додека сте на пат. 
1 „Кампања за поздрав грб“ (АGR) е независно здружение во Германија поддржано од лекари и терапевти.  Од 1995 година, AGR проучува како да се спречат повредите на грбот и справите со болката во грбот . Етикетата AGR потврдува дека ергономските седишта на новиот Crossland ги исполнуваат дури и највисоките германски стандарди, грижејќи се за здравјето на грбот на возачот и на сите патници во возилото. 
Функција за греење
Ако е ладно, предните седишта во Crossland може да се загреат на три различни нивоа, додека возачот истовремено ужива во удобноста на електрично загреаниот управувач и ветробранско стакло.  

Поврзаност

Инфозабава
Останете поврзани, имајте сè под контрола и забавувајте се каде и да одите. Искуството на возачот и патниците е збогатено со аудио-системот Radio 4.0  IntelliLink и можноста за поврзување на нивните уреди преку Bluetooth®, Apple CarPlay или Android Auto, за да можете да зборувате, да испраќате пораки и да уживате во музиката додека рацете се секогаш на управувачот и очите насочени кон патот.  
Навигација
Без разлика дали сте на пат што сте го преминале безброј пати или истражувате нова област, системот Navi 5.0 IntelliLink на Crossland ќе Ви помогне безбедно и лесно да стигнете до секоја дестинација со едноставни и интуитивни детални упатства.  
Безжично полнење
Интегрираниот безжичен полнач1 во Crossland  овозможува да ги одржувате Вашите мобилни уреди наполнети постојано без досадни кабли.  
¹ Опција. Можеби ќе бидат потребни додатоци за паметни телефони. Индуктивно полнење исклучиво за паметни телефони компатибилни со технологиите PMA и Qi. За да ја проверите компатибилноста, контактирајте го Вашиот Opel продажен референт.
Услуги OpelConnect1
Патувајте во целосна безбедност и секогаш поврзани благодарение на низа паметни услуги. 
  • Спокојство: чувствувајте се безбедно со функцијата за повик во итен случај, дефект и редовните информации за статусот на возилото.
  • Практичност: Далечински функции за заклучување/отклучување на вратите, сирена и светла.
  • Паметно возење: уживајте во релаксирано возење благодарение на управувањето со патувањето и возењето.                                                                                                             

 

1 Достапноста на услугите на OpelConnect се разликува од земја до земја и возило до возило. Услугите може да бараат претплата / доплата и се предмет на покриеност и достапност на мобилната мрежа. 

Динамика на возење

Мотори 
Новата естетика на Crossland се спротивставува на идејата дека SUV возилата не можат да бидат убави и полни со стил, па дури и моторите со високи перформанси на Opel ги редефинираат очекувањата за динамиката на SUV возилата при возење.  
Бензинскиот мотор 1.2 природно аспириран дава моќ од 61 kW (83 КС) додека 1.2 бензинскиот турбо-мотор со директно вбризгување обезбедува моќ од  81 kW (110 КС) или 96 kW (130 КС). Ефикасниот 1,5 дизел мотор обезбедува 81 kW (110 КС) или 88 kW (120 КС). Без оглед кој мотор најмногу Ви одговара, можете да очекувате возбудливи перформанси и одлична контрола при секое вртење. 
Пренос 
Crossland непречено влегува во свиоци, има елегантен стил и многу лесно може да менувате степени на пренос дури и во најсложените ситуации при возење со 5 или 6-степен мануелениот менувач и 6-степен автоматскиот менувач Quickshift. 
Емисија на CO2
Crossland отсекогаш играл главна улога во обврската на Opel за исполнување и подобрување на сите идни европски стандарди за емисијата на СО2. Благодарение на напредните погонски агрегати, технологиите за намалување на емисијата на СО2 и одликите за подобрување на ефикасноста, како што се моторите со Start/Stop, потрошувачката на гориво е помала. 

Дополнителна опрема Opel+

Направена по мерка за вас

Изразете се со оригинални додатоци на Opel и искористете го максимумот од вашето возило. Дизајнирано и тестирано за вашиот Opel.

Сликите може да се разликуваат од производот на продажба.

Нелизгачки странични прагови
Прикажи детали
Штитник на задниот браник
Прикажи детали
Преграда за товар
Прикажи детали
Кука за влечење
Прикажи детали
Кровна кутија
Прикажи детали
Минидржач FlexConnect  за таблет
Прикажи детали

Какво следва?